За Нас

          Друштвото за услуги, трговија и производство Џико Инженеринг Трајче, Горан и Игорче ДОО Скопје  е основано на 10.02.1999 год. со  приоритетна дејност Завршни работи во градежништвото.              
          Друштвото е оформено со приватен капитал, основачи се Трајче Џиковски, Игорче Џиковски и Горан Џиковски кој е во својство на управител.
        Џико Инженеринг се занимава со изведба и продажба на станови, изведба на градежно-занаетчиски работи, монтажа на гипскартон и спуштени плафони, инсталациони и изолациони работи, производство и вградување на ПВЦ и алуминиумска столарија, лимарски работи, молерофарбарски и останати завршни работи.
          На нашиот стручен тим го сочинуваат градежни инженери, техничари и ВКВ работници. Довербата за изведба на градежно-занатски и останати работи ни ја укажаа голем број на државни органи и реномирани компании.
 
 
  • Салони Спорт М- Адидас
  • ГТЦ  540м2
  • Рамстор 140м2
  • Гостивар 80м2
  • Струга 80м2
  • Салони Урбан Џангл
  • Сити Мол 350м2
  • ГТЦ 100 м2
  • Макпримат
  • ГТЦ 400м2
  • Теранова 700м2
  • Калиопе 750м2
  • Уни Банка Дирекција 700м2
  • Стар Театар- комплетен ентериер, гипскартон и молерај
  • Станбена зграда ЕНСА ИНГ